МЗЗПР - MOSHA
Септември 07, 2010, 04:49:06 *
Добредојдовте Гостин. Ве молам пријавете се или зачленете се.

Пријавете се со корисничко име, лозинка и должина на сесија.
Новости: Добредојдовте на новиот форум на МЗЗПР
 
   Почетна   Помош Пребарај Пријавување Зачленување  
Страници: [1]
  Отштампај  
Автор Тема: Стручно лице по безбедност при работа - полагавте испит?  (Прочитана 1187 пати)
npmzzpr
Global Moderator
Нов член
*****
Порака: 5


Погледај го профилот на -
« пратена : Јуни 25, 2009, 08:36:28 »

Нешто што е можеби најактуелно во полето на заштитата при работа во Македонија, во последниот месец, е отпочнувањето со полагањето на испитите за Стручно лице по безбедност при работа - една новина што произлезе со донесувањето на новиот закон за Безбедност и здравје при работа од 2007.
Лично видување или мој личен коментар: одамна не сум ја видела ЗПР заедницата кај нас - вака раздвижена  Смешко

Без да навлегувам детално колку е исправна оваа одлука, што истата значи за веќе стручните лица, односно инжинерите по заштита при работа, би сакала да Ве известам дека МЗЗПР Ви стои на располагање, за било какви прашања или помош. Од бројните јавувања во нашите канцеларии, јасно е дека многу наши членови имаат бројни прашања околу пријавувањето, темите кои треба да се подготват како дел од испитот, материјали за подготовка од општиот дел, посебниот дел, итн. Затоа ве повикувам, доколку имате прашања, нејаснотии, недоумници - слободно пишувајте ни на форумот - сите во МЗЗПР ќе се потрудиме да Ви излеземе во пресрет. Заедно сме посилни (или во случајов - постручни  Смешко) зарем не?

Наташа,
МЗЗПР
Сочувана
svet
Нов член
*
Порака: 1


Погледај го профилот на -
« Одговор #1 пратена : Ноември 27, 2009, 03:47:02 »

би сакала да Ве известам дека МЗЗПР Ви стои на располагање, за било какви прашања или помош. Од бројните јавувања во нашите канцеларии, јасно е дека многу наши членови имаат бројни прашања околу пријавувањето, темите кои треба да се подготват како дел од испитот, материјали за подготовка од општиот дел, посебниот дел, итн. Затоа ве повикувам, доколку имате прашања, нејаснотии, недоумници - слободно пишувајте ни на форумот - сите во МЗЗПР ќе се потрудиме да Ви излеземе во пресрет.

Јас сум нов член на форумот и би сакала да ги поставам овие поцетни прашања

1. Како изгледа пеактичниот дел од испитот
2. Дали ако го положам испитот ќе имам право самостојно да го спроведувам законот за безбедност издравје при работа, односно


Наташа,
МЗЗПР

Сочувана
Милан Петковски
Global Moderator
Нов член
*****
Порака: 8


Погледај го профилот на -
« Одговор #2 пратена : Ноември 30, 2009, 09:05:49 »

@Svet:
По пријавата испратена до Министерството за труд и социјална политика, доколку ги исполнувате условите за полагање на стручниот испит, писмено ве известуваат за прифаќањето на вашата апликација и воедно ви задаваат тема на која треба да работите т.е. да Направите изјава за безбедност, базирана на проценка на ризик според одредена призната методологија. Според досегашното искуство, колегите кои полагаа, добија теми кои кореспондираа со нивниот тековен ангажман, но имаше и такви кои немаа допирни точки со моменталниот ангажман. Оваа тема треба да ја поднесете до комисијата најкасно 15 дена пред предвидениот термин за полагање, за комисијата да има време истата да ја разгледа и оцени.
На денот на полагање на стручниот испит, комисијата покрај прашањата кои произлегуваат од вашиот труд, го проверуваат и вашето знаење и од областите кои се наведени и во правилникот за полагање на стучниот испит по БЗР.
По положувањето се стекнувате со звање “Стручно лице по безбедност на работа“ и како таков заедно со уште двајца колеги кои го имаат положено испитот, можете да формирате консултантска фирма од областа на БЗР и да аплицирате до Министерството да ви издадат дозвола да работите на областите на БЗР предвидени со закон.
“Дали самостојно можете да работите“ е прашање кое најверојатно изготвувачот на законот може да ви одговори... Според созанијата кои ги имаме е дека Испекторатот препорачува фирмите да имаат стручни лица.
Сочувана
Страници: [1]
  Отштампај  
 
Префрли се на:  

Powered by MySQL Powered by PHP Powered by SMF 1.1.9 | SMF © 2006, Simple Machines LLC Valid XHTML 1.0! Valid CSS!