Истекува втората година од донесувањето на Законот за БЗР во Македонија и со сите мани и предности мора да се спроведува. Многумина од специјализираните фирми кои се занимаваат со БЗР а воедно и со здравствените организации кои ја вршат работата на медицина на труд се наоѓаат во ситуации кога мора да подзастануваат и да бараат дообјаснувања како да се справат во исполнувањата на одредени законски побарувања или самите да импровизираат (и да згрешат).
Затоа би сакал да го искористам овој форум и да го предложам следниов чекор: МЗЗПР ќе организира една округла маса на која сите заинтересирани страни би ги искажале досегашните согледувања, предности, проблеми со кои се соочуваат при спроведување на законот и воедно оваа средба би ја искористил и да ги одредиме основите за професионално, еснафско работење на сите заинтересирани стручни организации од областа на БЗР.
Би ве замолил да предложите кои се организации треба да се повикаат и вашите предлози или да ги испратите на
kontakt@mzzpr.org.mk или да ги дојавите на нашиот телефонски број (02) 2774 868.